Сите се луди за овој пенест колач од три состојки

375 прегледи

Состојки:

3 јајца
120 гр бело чоколадо
120 гр свежо сирење

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, ставете ги во сад и во фрижидер.

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Белото чоколадо растопете го во сад, врз пареа. Белките изматете ги додека не се стврднат.

Во чоколадото додајте го сирењето и лесно измешајте. Додајте ги жолчките.

Третина од смесата измешајте ја во белките. Повторете ја постапката уште два пати додека не го измешате целиот крем од белки.

Калапот за печење обложете го со хартија за печење, а рабовите премачкајте ги со маргарин.

Ставете го тестото во калапот и удрете го неколку пати од работната површина за да нема меурчиња.

Калапот ставете го во плех и наполнете го со врела вода.

Печете околу 15 мин на 170 степени, 15 минути на 160 степени и 15 минути во исклучена рерна.

Извадете го и оставете да се олади.

Пред сервирање посипете го со шеќер во прав.

Слични содржини