Сите се восхитуваа на нејзината природна убавина, но сепак се оперираше: Вака денес изгледа познатата Хурем (ФОТО)

од Nikola Popovski
380 прегледи

Серијата „Сулејман Величествениот“ стекна голема популарност на нашите простори, а речиси и да нема личност која не се восхитувала на убавината на султанката Хурем.

Нејзиниот пркосен и горд лик не натера уште повеќе да ја засакаме Хурем, а актерката Мерјем Узерли и денес сите ја препознаваат по оваа улога.

Природниот изглед, вишокот килограми и облините го направија Мерјем симбол на природната убавина. Сепак, актерката неодамна изненади со слабеењето, како и со операциите кои ги направи на лицето.

Имено, турските медиуми пренесуваат дека таа неколку пати ја зголемувала устата, како и ги подигнала јаболчниците.

Meryem Uzerli – Montée des marches du film « Indiana Jones et le cadran de la destinée (Indiana Jones and the Dial of destiny) » lors du 76ème Festival International du Film de Cannes, au Palais des Festivals à Cannes. Le 18 mai 2023 © Jacovides-Moreau / Bestimage Red carpet of the movie « Indiana Jones and the Dial of destiny » during the 76th Cannes International Film Festival at the Palais des Festivals in Cannes, France. On may 18th 2023,Image: 777177730, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JACOVIDES-MOREAU / Bestimage / Profimedia

За овие промени сведочат сликите од Кан, каде таа се појави на отворањето на филмскиот фестивал.

Да потсетиме, познатата актерка има две ќерки. Помладата ја доби од сегашната врска, но не сака да го открие партнерот, додека постарата наследничка ја доби од претходната романса. Имено, Мерјем забремени со брокерот Кан Атес, кој бил 17 години постар, а кога дознал дека чека бебе, ја избркал од станот и ја принудил да абортира. Иако сето тоа и било тешко, па дури имала и психички кризи, актерката не сакала да абортира.

Слични содржини