Џенифер Лопез и Бен Афлек не ја пропуштија ниту големата Мет Гала 2021. Со оглед на тоа дека поканата на Мет Гала е прашање на престиж, сосема беше очекувано дека и омилената холивудска двојка ќе се појави на црвениот тепих.
Една од холивудските sвезди што ја одбележа годинешната Мет Гала беше Џенифер Лопез, која не го пропушта овој настан од 2004 година.
По филмскиот фестивал во Венеција и музичките награди МТВ, Џеј Ло блесна и на овој настан.
Бен и Џенифер беа фотографирани заедно на црвениот тепих и двајцата носеа маски, според прописите поради пандемијата на коронавирус. Застанаа да позираат за новинарите, а една од највпечатливите фотографии е сцената каде Џеј Ло и Бен се бакнуваат со маски.
View this post on Instagram
Инаку, темата на оваа Мет гала беше американската независност, а фановите и модните критичари тврдат дека Џенифер одговорила на темата, и дека стајлингот не може да биде поамерикански од ова.
Таа носела стајлинг инспириран од Дивиот Запад; долг кафеав фустан од Ралф Лорен, со изразено деколте, појас во стилот на каубојка, детали во форма на пердуви, но и длабоко деколте од предната страна што ги открива нејзините нозе, додека задниот дел на фустанот имаше вид на шлеп. Како вистинска каубојка, Џеј Ло носела и шешир, а целото издание го комплетирала со сребрен накит и сребрени сандали.