Сите зборуваат за острите зборови на Де Ниро против Трамп, еве како го нарече американскиот претседател

Роберт де Ниро ја доби „Златната палма“ за животно дело, која ја искористи за остар политички напад врз американскиот претседател

од Vladimir Zorba
108 прегледи

„Во мојата земја, се бориме со сета сила да ја одбраниме демократијата – нешто што некогаш го земавме здраво за готово. Тоа се однесува на сите. Бидејќи уметноста, по својата природа, е демократска. Уметноста е инклузивна; таа ги зближува луѓето. Уметноста е потрага по слобода. Таа ја прифаќа различноста. Затоа уметноста е закана денес. Затоа ние сме закана за автократите и фашистите на овој свет“, рече американскиот актер Роберт де Ниро, примајќи ја почесната Златна палма за неговата кариера на церемонијата на отворањето на 78-от Кански филмски фестивал во вторник вечерта.

Де Ниро го искористи својот говор при примањето на наградата на фестивалот за да започне остар политички напад врз актуелната републиканска влада на Трамп.

Де Ниро го нарече Трамп „филистер“ (самозадоволен и ограничен човек со тесен секојдневен и малограѓански хоризонт и лицемерно поведение – н.з.) во својот говор за прием во Кан и наговести дека сака да воведе царини за Американците да не гледаат други и различни филмови. „Мораме да дејствуваме – сега“, додаде Де Ниро.

„Без насилство, туку со страст и решителност. Дојде време. Секој што верува во слободата мора да се организира, да протестира и да гласа на изборите.“, вели актерот

Слични содржини