Сите знаеме што значат зеленото и црвеното знаме на плажа, но што претставуваат кафеното и виолетовото?

Ретко кој, меѓутоа, обрнува внимание на знамињата што се веат на Кулата за спасувачите. А токму тие можат да ја направат разликата помеѓу безгрижен ден и сериозен ризик во водата.

од desk2
19 прегледи

Сите знаеме дека знамињата на плажата не се украс, но дали знаевте што всушност значи секоја боја?

Кога ќе стигнеме на плажа, најмногу размислуваме каде е најблиската лежалка, дали има сенка и колку е ладен пијалокот во барот. Ретко кој, меѓутоа, обрнува внимание на знамињата што се веат на Кулата за спасувачите. А токму тие можат да ја направат разликата помеѓу безгрижен ден и сериозен ризик во водата.

Знамињата на плажа не се украс, туку систем за известување за безбедноста на капачите. Боите може малку да се разликуваат од земја до земја, но општото значење е слично насекаде – и многу важно.

 

ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ – СЛОБОДНО ВО ВОДА

Зелената боја значи дека условите за капење се безбедни. Нема силни струи, брановите се мирни, ветерот не е проблематичен. Спасувачите се на должност, но сепак се препорачува претпазливост – особено за децате и непливачите.

 

ЖОЛТО ЗНАМЕ – ВНИМАВАЈТЕ

Жолтото знаме укажува на умерен ризик. Ова може да значи зголемени бранови, струи, ветер или помала видливост во водата. Пливањето е дозволено, но се препорачува поголема претпазливост. За децата, непливачите и постари лица, најдобро е да останат во плиткото или надвор од водата.

 

ЦРВЕНО ЗНАМЕ – ЗАБРАНА ЗА КАПЕЊЕ

Црвеното знаме значи висок ризик – силни бранови, струи, неповолни временски услови или опасни морски животни (како што се медузите). Капењето е строго забрането, а спасувачите можат да ги предупредат, па дури и да ги казнат оние што влегуваат во водата.

 

ЦРНО ЗНАМЕ – ПЛАЖАТА Е ЗАТВОРЕНА

Ретко, но исклучително сериозно – црното знаме значи дека плажата е затворена поради исклучително опасни услови. Ова може да вклучува бура во најава, загадување на водата, опасни струи или други итни случаи. Влегување во вода не е дозволен дури ни со надзор.

 

БЕЛО-СИНО ИЛИ ВИОЛЕТОВО ЗНАМЕ – ОПАСНОСТ ОД ЖИВОТНИ

Овие знамиња сигнализираат присуство на морски суштества – најчесто медузи, ежови, ајкули или риби кои можат да боцкаат или гризат. Капењето не е нужно забрането, но е ризично.

 

КАФЕНО ЗНАМЕ – ЗАГАДЕНА ВОДА

Кафеното знаме значи дека водата е загадена – најчесто по силен дожд, излевање на канализација или присуство на опасни микроорганизми. Капењето во такви услови не се препорачува, бидејќи може да доведе до иритации на кожата, инфекции или стомачни проблеми.

Ова знаме ретко се гледа на повеќето уредени плажи, но се користи во земји кои имаат строги еколошки стандарди.

Значи, ако видите кафено знаме – останете на суво. Водата може да изгледа примамливо, но бактериите не можат да се видат со голо око.

Слични содржини