Сити демантира дека му понудил милиони на Меси

од Stefanija Kuzmanovska

Лео Меси наводно добил астрономска понуда од Манчестер Сити, тврдат некои британски медиуми, но клубот веднаш ги демантираше овие наводи.

Одекна веста дека Сити му понудил на Меси 496 милиони евра за пет години во бруто износ, или скоро 100 милиони по сезона.

Меѓутоа, веднаш следеше демант, бидејќи портпаролот на Сити во изјава за „Скај Спорт“ изјавил дека не постои понуда, дека не постоела ниту летоска и дека не се водат никакви преговори со Меси.

Договорот на Меси со Барселона истекува, тој ќе биде слободен играч од 30 јуни, а Сити и ПСЖ се главните кандидати за доведување на Аргентинецот.

Слични содржини