Сити ги форсира преговорите за својата нова трансфер цел

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Англискиот шампион Манчестер Сити активно работи на својата селекција. „Граѓаните“ веќе го финализираа трансферот на Ерлинг Халанд, а сега ќе се обидат да ја зголемат конкуренцијата на средината на теренот со привлекување на Калвин Филипс. Играчот од средниот ред на Лидс е новиот приоритет во трансфер плановите на клубот.

Британските медиуми тврдат дека сакаат Сити да ја заврши зделката пред тимот да замине на претсезонската турнеја во САД во средината на јули.

За 26-годишниот Филипс е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но тој не сака да се пресели на „Олд Трафорд“ поради ривалството меѓу „црвените ѓаволи“ и Лидс во историски поглед.

Минатата сезона во Премиер лигата Калвин Филипс забележа 20 натпревари и 1 гол.