Сити и официјално потпиша со Аканџи

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Манчестер Сити и официјално го ангажираше Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд, соопштија од клубот.

Висината на трансферот не е соопштена, но медиумите тврдат дека за него ќе бидат платени меѓу 17 и 18 милиони евра.

Аканџи потпиша договор до летото 2027 година. 27-годишниот Швајцарец се приклучува на квалитетно оптоварената одбрана на „граѓаните“ каде ќе треба да се избори за место со Рубен Дијаз, Џон Стоунс, Нејтан Аке и Ајмерик Лапорт.

„Да, ми се допаѓа како игра Манчестер Сити. Гледам многу Премиер лига и очигледно многу од натпреварите на тимот затоа што тие ја освоија титулата неколку пати. Навистина ми се допаѓа стилот на игра што го игра тимот и мислам дека можам совршено да се вклопам“, изјави Аканџи за клупската веб-страница.