Градот Флоридија во провинцијата Сиракуза на Сицилија денеска го собори рекордот на Атина од 1977 година, откако во тој дел на Италија беа измерени дури 48,8 степени Целзиусови. Италијанскиот „Coriere della Sera“ пишува дека ова е рекорд на кој никој не му завидува.
Тоа е највисоката температура некогаш забележана во Европа, а измерена е со агрометеоролошки информациски систем на регионот Сицилија денеска во 14 часот во Флоридија.
Флоридија и внатрешноста на Сиракуза се во посебна конформација што ги крева температурите на многу високо ниво. Всушност, неколку десетици километри подалеку, столбот на живата е за 10-12 степени понизок. Сепак, температурите се исто така многу високи во внатрешноста на Сардинија.
Weather in Sicily: 48.8º C in Floridia today, the highest temperature ever recorded in Europehttps://t.co/USSwTzM7hB
— 𝘔𝘢𝘳𝘬 𝘝𝘢𝘯𝘥𝘦𝘳𝘣𝘦𝘦𝘬𝘦𝘯 (@vanderbeeken) August 11, 2021
Поточно, Сицилија, но и цела централна и јужна Италија, и делумно северна, е под влијание на топол Сахарски воздух, што доведе до скок на температурите до нивото досега невидено. Претходниот рекорд од 48,5 забележан на Сицилија на 20 август 1999 година, но никогаш не беше официјализиран. Исто така, во вторникот беше 47 степени во областа Сиракуза.
Денешниот рекорд на Флоридија е се уште неофицијален, бидејќи мора да биде прегледан и одобрен од експерти од Светската метеоролошка организација, кои благодарение на Државниот универзитет во Аризона, создаваат официјална листа на екстремни светски временски настани.
Интензивните топлотни бранови продолжуваат да го „пржат“ Медитеранот и Северна Африка. Топлото и суво време одиграа голема улога во создавањето услови за разорни пожари во Турција и Грција.