Ситуацијата на бегалците станува алармантна

од Vladimir Zorba
160 прегледи

СиЕнЕн како неподнослива ја опишува ситуацијата на бегалците кои се „заглавени“ на границата меѓу Македонија и Грција. „Убијте не или помогнете ни“ е една од изјавите пренесена од светскиот медиум во контекст на нехуманиот однос на државите. Како пример за револтот предизвикан кај бегалците СиЕнЕн го посочува неколкудневниот протест на Иранците кои ги зашија усните со игла и конец.

151126163734-refugees-iran-lips-sewn-up-exlarge-169

СиЕнЕн го потенцира и случајот со  претепаниот бегалец од страна на  граничната стража распределена на појасот Турција – Сирија.  Медиумот не ја поштеди ниту политиката на Шведска која најави „затворање на вратите“ за бегалците.

151126164400-macedonia-refugee-police-baton-exlarge-169

Во анализата, се напоменува дека последните случивања во Париз ја засенија состојбата со бегалците која станува алармантна.