162
Вкупно 25.295 Палестинци загинаа, а околу 63.000 се повредени во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска министерството за здравство во Газа.
Вкупниот број на жртви вклучува 190 загинати и 340 ранети во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
Претходно денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа „не може да биде полоша“ и рече дека отсега повеќе нема да зборува за мировен процес, туку за решение со две држави.
Тој додаде дека за време на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе претстави сеопфатен пристап кон ова прашање.