Ситуацијата е тензична, Вучиќ сака да се врати во минатото, порача Курти

од Nikola Popovski
128 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека ситуацијата на северот на Косово е тензична поради делувањата на Србија.

За германскиот весник „Шпигел“, говорејќи за барањето на Србија за враќање на 1.000 припадници на нејзините безбедносни сили на Косово, тој рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ има за цел да се врати во минатото, но дека тоа не е возможно.

Според него, Меѓународниот суд на правдата пресудил во корист на Декларацијата за независност на Косово.

„Не постои повисок суд на оваа планета“, рекол Курти, пренесува Бета.

Тој додал дека Владата што ја предводи е „загрижена за ситуацијата на северот на Косово, но внимава на моменталната ситуација“.

„Косово е посилно со сојузниците“

„Европската унија и САД вршат голем притисок врз Србија да избере меѓу демократскиот Запад и Русија“, рече Курти.

Косовската претседателка Вјоса Османи во неделата изјави дека Косово е посилно со своите сојузници.

На приемот кај дипломатите акредитирани во Косово, по повод Новата година, Османи на Твитер напишала дека на крајот на годината „се потсетила на позитивното влијание што партнерството со сојузниците го имаше врз Косово и нашите граѓани“, твитнала претседателката на Косово.

Фото: bne IntelliNews

Слични содржини