Кризниот штаб во Австралија ќе одржи итен состанок заради ширењето на делта вирусот низ целата земја.
Поради новиот епидемиски бран, австралиските власти беа принудени да воведат таканаречено „локдаун“, односно затворање во Сиднеј, и да ги ограничат мерки во другите делови на земјата.
Во извештајот на Ројтерс се наведува дека 18 од вкупно 25 милиони Австралијци, или 70 проценти од населението, се под некаква форма на анти-епидемиски ограничувања во скоро сите делови на Австралија.
Австралискиот министер за финансии Џош Фрајденберг предупреди денеска дека границите на Австралија ќе бидат отворени само доколку е безбедна и ако тоа го дозволат медицински експерти.
– Влегуваме во нова фаза на пандемијата со ширење на заразна, делта варијанта на вирусот Австралија се соочува со критична ситуација – рече Фрајденберг и најави дека Кризниот штаб, со кој претседава премиерот на Австралија Скот Морисон, денес ќе биде информиран за епидемиолошката состојба од главниот медицински советник на владата.
Двонеделна блокада беше воведена минатиот викенд во Сиднеј, најнаселениот австралиски град во кој живее скоро петтина од вкупното население на Австралија.
– Мораме да бидеме подготвени дека бројот на новоинфицирани лица ќе порасне, дека тие значително ќе растат – ги предупреди премиерот на државата Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, новинарите во главниот град на таа држава Сиднеј.
Ограничувањата се повторно воведени во Квинсленд, Западна Австралија и Викторија и во главните градови на тие држави, Бризбејн, Перт и Мелбурн, како и во главниот град на Австралија, Канбера.