Ситуацијата на крипто-пазарот се стабилизира по минатонеделниот пад

од Vladimir Zorba

Крипто-пазарите, каде што тргувањето се одвива без престан, имаа мирен викенд по силните турбуленции минатата недела предизвикани од падот на вредноста на стабилната монета TeraUSD на нула долари, поради што се скрши врзувањето на таа монета со доларот.

Биткоинот утрово се тргува за околу 29.566 долари, откако минатиот четврток падна на 21.400 долари, што е најниско ниво од декември 2020 година.

Етерот, втората највредна „паричка“ во крипто-просторот, се тргува за 2,018 долари, според податоците на CoinMarketCap.

Слични содржини