Сјарто: Западното оружје го продлабочува конфликтот во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Унгарија се противи на испраќање касетна муниција во Украина или какво било оружје што само ќе го продолжи конфликтот или ќе доведе до повеќе жртви, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Коментирајќи ја одлуката на САД да испрати касетна муниција на украинската армија, тој на прес-конференција во Будимпешта рече дека употребата на таква муниција може да има трагични хуманитарни последици.

Сијарто ги повика сите луѓе да помогнат да се врати мирот во Украина и да се спасат човечки животи, наместо да се испраќа касетна муниција и друго оружје, пренесе ТАСС.

„Колку повеќе оружје се користи во оваа војна, толку подолго ќе трае и ќе умираат повеќе луѓе. Затоа секој што испраќа оружје во Украина ја презема одговорноста за дополнителни смртни случаи и страдање на повеќе семејства“, рече Сијарто.

САД на 7 јули објавија дека имаат намера да испратат касетна муниција во Украина. На ова се противат ОН и бројните сојузници на Вашингтон, како и некои членови на американскиот Конгрес.

Слични содржини