Скандал: Американската АНС 6 година ги прислушувала француските претседатели

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Обелоденетите  факти дека Агенцијата за национална безбедност (АНС) на САД од 2006 до 2012 година ги прислушувала мобилните телефони на тројца француски претседатели – Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд, грмнаа како бомба во француските медиуми и предизвикаа возбуда во повисоките кругови.

оланд

За скандалот со прислушувањето пишуваат на првата страница сите централни и регионални весници. Медиумите се преполни  со коментари на политичари кои негодуваат за непријателски и отворено однесување на задокеански сојузници. Нешто повеќе, прислушувани се и многу министри, високи чиновници и дипломати, вклучувајќи и францускиот амбасадор во САД. Утрово претседателот Оланд свика итен состанок на Советот за безбедност на земјата, во текот на денот ќе се сретне со сите парламентарни водичи, а вечерва во МНР ќе биде повикан за објаснување амбасадорот на САД Џејн Хартли.

Во објавеното соопштение се вели дека “Франција нема да трпи никакви дејствија кои ги ставаат под закана  безбедноста и заштитата на нејзините национални интереси”.Членовите на владејачката Социјалистичка партија и се потресени  од политичкото решение на САД за системски шпионажа на влади од сојузни држави.

Лидерката на крајно десниот “Национален фронт” Мари Ле Пен изјави дека САД ниту се пријател, ниту сојузник на Париз, а враќањето на Франција во 2009 година во структурите на НАТО е “стратешка грешка, што треба да се поправи “