Лавина коментари во Америка поради случајот Џефри Епстин, осуден за сексуален престап. Доналд Трамп се обидува да ги запре реакциите, но тешко дека и тој самиот верува дека ќе успее во тоа, пишуваат американските медиуми.
– Ништо нема да биде доволно добро, објави Трамп викендов, тврдејќи дека хистеријата ја прават „левичарите и провокаторите“.
Но и поради неговите имплусивни реакции и неумешни обиди на неговата администрација да влијаат на теориите на заговорите, кои самите ги потикнаа пред изборите во 2024, тоа додатно тоа ја разгори целата таа приказна.
-Го замолив Министерството за правда да ги објави сите сведоштва од Големата порота во врска со Џефри Епстин, со единствен услов, а тоа е одобрување од судот. Со тоа кажано, дури и ако судот даде целосно и непоколебливо одобрување, ништо нема да биде доволно добро за проблематичните и радикалните левичарски лудаци што го бараат тоа, додаде претседателот на САД
За време на викендот Трамп се обиде да го сврти вниманието на други теми, па ја нападна администрацијата на Барак Обама поради наводно мешање на американските тајни служби во изборот во 2016 година.
Демократите пак, брзо ја препознаа приликата и се приклучија на барањата на МАГА за целосно отварање на досието на Епстин.
Сенаторката Ејми Клобучар потсетила дека Трамп бил претседател кога Епстин бил уапсен и ставен во затвор.
– Ако некој знае што има во тие документи, тогаш тоа се тие, вели таа.
Моментално не постои јавен доказ кој дирекно ќе го поврзе Трамп со криминалнте активности на Џефри Епстин, анализираат медиумите. Но секој нов детаљ од неговото минато ќе ја разгневни јавноста и ќе предизивика голем јавен интерес.