Москва во Украина се занимава со ослободување на истокот на земјата од неонацистичкиот режим, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и ги повика украинските новинари да не преземаат акција кога ја обвинуваат Русија за кражба и продажба на жито.
На крајот од прес-конференцијата на Лавров и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кога министрите се подготвуваа да си заминат, еден од украинските новинари реши да му постави прашање на рускиот министер надвор од предвиденото време за конференцијата.
– Која од украдената стока во Украина, освен житото, Русија веќе успеа да ја продаде? – праша новинарот.
– Дали цело време размислувате за тоа каде би украле нешто? И мислите дека сите го прават тоа? – одговори Лавров.
– Ќе ви одговорам. Се занимаваме со реализација на целите кои се јавно објавени – да се ослободи истокот на Украина од притисокот на неонацистичкиот режим – тоа го правиме – објасни шефот на руската дипломатија.
– А житото, денеска објаснивме дека житото може слободно да се транспортира до одредена дестинација. Русија не создава никакви пречки. Неопходно е господинот Зеленски да издаде команда, ако сепак таму воопшто нешто командува, да дозволи влез на странски и украински бродови во Црното Море – додаде Лавров.
Обединетите нации постојано предупредуваа на опасност од криза со храна поради недостигот на жито, а Западот ја обвинува Русија дека ја спречува испораката на украинското жито на светскиот пазар. Москва категорично ги отфрла овие обвинувања. Самите власти во Киев создадоа многу пречки за извоз на жито: покрај согорувањето на житото во пристаништето Мариупол, украинската армија го минираше Црното Море, што го спречува извозот на пченица на светскиот пазар со бродови.