Скандал со Трамп: Милијардерот сурово ги коментира распитите на Хилари во ФБИ

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Социјалните мрежи зафатија милијардерот со обвиненија за антисемитизам

1467552831-trr

Невозможно е ФБИ да не препорача кревање на криминални обвиненија против Хилари Клинтон. Ова го изјави најверојатниот кандидат за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп, цитиран од АФП. Така Трамп реагира на веста дека Федерално биро за истраги ја испрашува Клинтон во врска со користењето на личен мејл сервер, додека била државен секретар.Претходно стана јасно дека Хилари Клинтон ги споделила со трети лица доверливи информации за начините за надминување на финансиската криза во Грција. Овие податоци беа исклучително важни за зетот на Клинтон, шеф на  инвестициски фонд , специјализиран за грчките долгови. Од штабот на Клинтон порано најавија дека распит на кандидат за претседател траела 3 часа и половина, иако  Хилари Клинтон доброволно отишла да даде исказ.Милијардерот Доналд Трамп остро реагираше на Твитер на случувањата и ја  нарече Хилари Клинтон “најкорумпиран кандидат во историјата”. Постот бил придружен со слика на кандидатот на позадината на доларски банкноти и ѕвезда со шест зрака