Поранешниот соработник на АНС работел на програма за следење во американската база во Јоко
Скандалозниот поранешен соработник на Агенцијата за национална безбедност (АНС) на САД, Едвард Сноудeн, ги предупреди јапонските граѓани дека се предмет на масовно следење од страна на американската влада, пишуваат од БГНЕС.Сноуден кој изнесе во јавноста информации за програмите на агенцијата во 2013 година, живеел во Јапонија од 2009 до 2011 година. Како соработник на АНС тој ја работел на програмата за следење во американската база во Јоко. “Тие ги знаат вашите религиозни верувања. Знаат кого сакате. Знаат за кого не ви е сеедно. Тоа беше нашата работа – да воспоставиме моделот на живот на секој. Секој мобилен телефон во џебот на секој кога е вклучен, секогаш “пее”: Јас сум тука, тука сум. “, ова беше речено од Сноуден во обраќањето од Русија, за време на симпозиум за следење во современото општество во Токио.