Скандинавско чудо: Станарите на оваа зграда се грејат на сонце (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
385 прегледи

Пред околу десет години, Малме започна да ги добива контурите на урбаниот центар од индустриски град, каде што не недостасува содржина, настани и забава. Круна на ренесансата на градот во западна Шведска беше изградбата на заоблена футуристичка зграда, првиот самоодржлив облакодер од ваков вид во светот.

Кога ги отвори вратите, во 2005 година, заоблениот „Turning torso“ со неговите 190 метри беше највисокиот облакодер во Скандинавија, највисоката станбена зграда во ЕУ и втората највисока во Европа.

Шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава бил инспириран од мермерна скулптура на заоблено торзо, која служела и како инспирација за името на облакодерот.

Зградата од 57 ката е поделена на девет делови кои се виткаат по висина. Пентагоналните катови се вртат околу јадро, обликувано како бетонска цевка, поткрепено со челична рамка.

‘Рбетот на облакодерот се наведнува 90 степени од приземјето до врвот. Дел од просторот оди за канцелариски простор, а остатокот за 147 луксузни апартмани – од еден до максимум пет на секој кат.

„Turning torso“ е еден од пионерите на самоодржливата архитектура, поради што се здоби со признание од оваа професија. Енергијата што се троши во становите доаѓа од обновливи извори на сонце, вода и ветер, но и органски отпад што станарите го фрлаат на одредено место.

Облакодерот се грижи за дури сто проценти од енергијата што станарите ја користат за греење. Сите безбедносни системи имаат резервно напојување, вклучително и лифтови и осветлување, и со оглед на двојниот систем, едвај е можно некој да остане без вода, токму кога треба да се истушира ​​и да оди на работа.

Слични содржини