213
Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ попладнево пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.
Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија која е и крајна дестинација.
Се очекува пред Регулаторната комисија Мицкоски на се обрати.
На протестот се слуша скандирање, учесниците извикуваат „оставка“, „мафија и „мафија на робоија“, а некои носат и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб“.
Иако пртестот е организиран согласно КОВИД протоколите, пропишаната дистанца не се почитува.