95
Пругите кон Кочани и Кичево ќе останат без возови, а патниците кои користеа услуги на Македонски железници ќе мора да почекаат за повторно патување кон овие правци.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денеска истакна дека причината за прекинот не е недостатокот на патнички возови и локомотиви, туку малото количество на патници.
„Пругите кон Кочани и Кичево немаат железнички сообраќај бидејќи не се електрифицирани, а одржувањето на дизел локомотивите е скапо. Работиме на целосна електрификација на овие пруги. Во моментов, економската исплатливост е ограничена, а единствено за Коридор 10 постои некаква исплатливост, бидејќи тој е целосно електрифициран“, изјави Николоски.