Актерката Скарлет Јохансон изјави дека нејзиниот менаџерски тим ја манипулирал на почетокот на нејзината кариера за да се согласи да игра провокативни улоги.
„Младите жени се објективизирани и тоа е факт. Ако некој те ‘стави во одреден калап’, тоа ќе ти го одреди текот на животот. Ме наговараа да играм ‘бомбастичен’ тип на девојка, која е предмет на желба. Кога станав свесна за оваа ситуација, не можев да излезам од неа“, рече таа.
Актерката додаде дека улогите кои се фокусираат на изгледот имаат краток животен век. Таа почнала да се чувствува непријатно во светот на глумата. Таа глумеше во филмот „Изгубени во преводот“ со Бил Мареј кога имала само 17 години.
„Нашите ликови имаа специфична љубовна врска и тоа ми беше тешко. Се борев со тоа од многу причини. Кога го завршивме снимањето, се чувствував како да се разбудив од лош сон“, рекла таа.
Скарлет има две деца со поранешниот сопруг, осумгодишната ќерка Роза и едногодишниот син Космо. Таа објасни дека раѓањето на деца многу влијаело на улогите што таа ги избира сега.
„Мислам дека тоа е важна лекција за да ги научиме девојчињата и момчињата – да работат работа што им носи задоволство“, заклучи таа.