Скелет на пират пронајден во шкотско основно училиште

од Vladimir Zorba
101 прегледи

При реконструкција на игралиште во најстарото основно училиште во главниот град на Шкотска работниците наишле на човечки скелет.4577059

Откако била исклучена криминалната верзија, пристигнале археолозите. По радиојаглеродна анализа научниците појасниле дека коските се најмалку 500 години стари. Британскиот весник “Телеграф” (The Telegraph) известува дека според информации на историчарите, пред 600 години на ова место крај пристанишните докови била подигната бесилка. Научниците претпоставуваат дека остатоците може да се на човек егзекутиран за пиратерија.

Според археолозите, судејќи според состојбата на коските, околу 50-годишниот аннимус, прво бил убиен и дури потоа закачен на јажето за поука на другите пирати. Уметник-криминалист веќе го  нацртал лицето на наводниот пират, а во училиштето ќе има корист од археолозите, кои ќе даваат специјални часови по изучување на минатото, пишува РИА “Новости”.