Škoda ги најави новите Superb и Kodiaq

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Во официјалното соопштение за глобалните продажни резултати за 2022 година, Škoda откри и одредени информации за новите генерации на моделите Superb и Kodiaq.

Поточно, плановите на Skoda предвидуваат воведување на новите Superb и Kodiaq подоцна оваа година.

Исто така, оваа година пристигнуваат и обновени верзии на моделите Kamiq и Scala.

Дополнително, претходно беше потврдено дека до 2026 година ќе пристигнат три целосно електрични модели.

Накратко, новата генерација на Superb ќе се базира на еволуцијата на платформата MQB, а ќе се нуди во лифтбек и караван верзии на каросеријата.

Новиот Superb ќе се произведува заедно со новиот VW Passat во фабриката во Братислава (Словачка), но се верува дека Passat ќе биде достапен само како караван.

Новиот Kodiaq пристигнува и оваа година и ќе биде придвижуван од бензински и дизел мотори од VW Group.

Слични содржини