СКОК НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ во Кина: Град ставен во локдаун

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Денес во Кина се пријавени 57 нови случаи на коронавирус, што е за 23 повеќе од вчера, а во исто време и највисок дневен биланс на новозаболени лица од крајот на јануари.

Според податоците на Националната здравствена комисија, 15 случаи се локални инфекции во градот Руили во провинцијата Јунан на границата со Мјанмар, поради што властите решија да го стават тој град во „локдаун“.

На жителите им беше наредено да останат во своите домови, а деловните објекти беа затворени, пренесува „Ројтерс“.

Најновите случаи беа откриени при масовно тестирање на жителите.

Властите исто така најавија дека ќе ги зајакнат граничните контроли.

Слични содржини