Скок на цените на нафтата, златото и пченицата

од Stefanija Kuzmanovska

Европските берзански индекси го продолжија вчерашниот раст, а во исто време е забележан и скок на цените на нафтата, златото и пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 16.928,80 поени, францускиот CAC 40 на 7.632,18 поени, лондонски FTSE 100 на 7.677,19 поени, а московскиот MOEX на 3.234,34 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 72.893 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 78.249 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 28.550 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.025,49 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 5,9292 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Слични содржини