Скопјанката Зојка Луковиќ која на 31 декември се оддалечи од својот дом во Пинтија и нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа, алармирајќи ја полицијата и соседите со надеж дека ќе добие информација за судбината на својата мајка.
249
Скопјанката Зојка Луковиќ која на 31 декември се оддалечи од својот дом во Пинтија и нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа, алармирајќи ја полицијата и соседите со надеж дека ќе добие информација за судбината на својата мајка.
Денес МВР информираше дека таа е пронајдена почината во близина на манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија.
„Денеска (06.01.2023) во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, информираат од МВР.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.