191
Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 17.00 часот го привеле Ш.А.(40) од Скопје.
Тој се сомничи дека во текот на денот во угостителски објект на подрачје на Чаир, сопственост на М.Б.(56) од Скопје, со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и упатил закани на сопственикот. Притоа, со повреди се здобил М.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.