Скопјанец прво ограбил продавачка, а потоа се вратил гол за да ги плати производите

од Milan1
302 прегледи

Кривична пријава си заработи 32 – годишен Скопјанец за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“.

„На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите“, информираат од МВР.

Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.

Слични содржини