Скопјанец со нож се заканувал на пазар во Гостивар

од Milan1
17 прегледи

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 27.05.2025 на Градскиот пазар во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет се заканил на едно лице од Гостивар“, информираат од МВР.