Скопјанец со сатар влегол кај познаник и го грабнал за долг од 20 илјади денари

од Milan1
49 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 56 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

-На 8 февруари, во населбата Ѓорче Петров, осомничениот извршил грабнување на едно лице со намера со закани по живот да го присили да му го врати долгот – парични средства во износ од 8.000 денари и мобилен телефон вреден 12.000 денари.

Околу 1:30 часот по полноќ, додека оштетениот спиел дома, осомничениот со остар железен предмет – сатар започнал да ја крши влезната врата, насилно ја отворил и влегол внатре. Со закани дека ќе го убие, го удрил оштетениот со сатарот по главата, градниот кош и грбот, го присилил да се облече и го одвлекол до својот дом. Таму го заклучил и го држел присилно да не избега, постојано заканувајќи му се дека ќе го убие ако не му го врати долгот.

Околу 5:30 часот кога осомничениот заспал, грабнатиот ја искористил приликата, го зел клучот и избегал, по што веднаш го пријавил настанот.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците/жртвата или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од обвинителството.

Слични содржини