Скопјанец тешко повреден откако се превртел од четирицикл

од Stefanija Kuzmanovska

На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, З.Б.(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот.

„З.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8-ми Септември’“, информира МВР.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

Слични содржини