Скопјанец украл автомобил, полицијата го најде и го приведе

од Milan1
34 прегледи

Денеска полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”.

– Во периодот од 19.00 часот на 27.05 до 14.00 часот на 28.05.2024 во Скопје, Д.Т. одзел патничко моторно возило „опел вектра“, сопственост на Љ.Л. од Скопје. По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Слични содржини