Скопјанец во Арачиново по расправија со поранешната девојка, почнал да пука

од Milan1
997 прегледи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.К. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 23.06.2023 во с.Арачиново, скопско, по претходна расправија со неговата поранешна девојка, пријавениот испукал два куршуми од огнено оружје во воздух, информираат од МВР.

Слични содржини