Скопјанец ФРЛИЛ КУЧЕ ОД МОСТ и се фалел на социјалните мрежи

од Берта Китинска
367 прегледи

На 16.12.2021 на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(18) од с.Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи, соопштија од МВР

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини