421
На 31.03.2022 во 13.20 часот на ул.„Стале Попов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(54) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 13.00 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ искористил гужва при влегување во автобус и од чанта на оштетената одзел паричник со пари и лични документи.
Тој бил приведен во Полициската станица Центар и во службен разговор го признал делото. Кај него биле пронајдени одземените предмети кои биле вратени на сопственичката. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.