Скопјанец превезувал 10 мигранти од Авганистан и Пакистан, нападнал полициски службеник

од Vladimir Zorba
259 прегледи

На 11.04.2021 околу 06.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, кај клучка Неготино, бил лишен од слобода е Н.З.(44) од Скопје, кој управувал моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи превезувал 10 мигранти од Авганистан и Пакистан.

Притоа, тој физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства.

За случајот е известен Јавен обвинител, а Н.З. е приведен во Полициска станица Неготино и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.