Скопјанец приведен поради извршување на тешка кражба во Карпош

од Andreja Salpe
233 прегледи

Поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба” во патничко моторно возило, полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода Р.Џ.(33) од Скопје. Кај Р.Џ. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при негово легитимирање приложил возачка дозвола на  име С.Р., бидејќи имал забрана за управување на моторно возило до 2022 година.

Тој е приведен и задржан во Полициска станица Карпош, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини