Скопјанец со автомобил паднал во бездна

од Vladimir Zorba
153 прегледи

На 21/22.05.2020 на пат кон превојот „Стража“ во с.Сретково, гостиварско патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.Г.(53) од Скопје излетало од коловозот и паднало во бездна длабока околу 100 метри.

Во несреќата возачот починал на лице место.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.