140
Возач почина во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Астра“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.А.(32) од с.Зајас и „Хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје.
-Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.