303
Скопјанка пријавила во кумановската полиција дека 20 годишник извршил обљуба врз ќерка на нејзиниoт вонбрачен сопруг, информираа денеска од СВР Куманово.
Според соопштението, вчера во 20:20 часот во СВР Куманово, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11-ти јули годинава, М.И.(20) извршил обљуба врз ќерката на нејзиниот вонбрачен сопруг.
Од СВР Куманово информираат дека М.И. бил приведен во нивните простории. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот.