Скопје, Берлин и Брисел си разменија обвинувања

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Македонскиот претседател застанува зад секоја збор и позиција која е изразена пред “Билд” и особено онаа дека државните институции на Република Македонија не примиле никакви финансиски средства од ЕУ за справување со бегалската криза.

gole jade

Помошта од ЕУ за буџетот на Република Македонија изнесува  0 евра, се вели во официјалното соопштение од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. “Апелираме германската влада да прецизира многу јасно и прецизно, на кого, кога и за каква цел биле дадени споменатите 52 милиони eвра. За да нема манипулирање на јавноста и да се воведува во заблуди, додаваат дека споменатите 664 милиони eвра за периодот 2014-2020 се дел од парите наменети за вршење на европски реформи, а не за справување со бегалската криза и дополнителни трошоци на институциите во кризни ситуации.

Брисел го демантира Иванов

Потсетуваме дека сите земји, кои беа вклучени во бегалската криза и се справиja  со неа, добија посебна финансиска помош од ЕУ “, се истакнува во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.

Берлин: Oбвинувањата на Иванов се несфатливи

Во однос на другото тврдење дека Република Македонија ne  разменуваle  информации за прашањата на безбедноста, од кабинетот информираа дека “Република Македонија има добиено одбивање за пристап до базите на ЕУ, до базите на Шенген и ЕУРОДЕК со објаснување дека е трета земја и има правни бирократски пречки и ограничувања “. Реакцијата на претседателската институција во Скопје е во одговор на публикација во весникот “Билд”, кој пренесува дека Македонија добила многу пари од Европа, но Ѓорге Иванов тврди дека неговата земја не добила ни цент за тоа дека иако не е член на ЕУ, е препрека меѓу бегалците во Грција и Западна Европа.