Сакајќи да го одбележи временското постоење од 200 години, The Macallan – ексклузивното single malt шкотско виски – ја претстави новата специјална едиција наречена TIME: SPACE Mastery. Овој несекојдневен настан, во организација на Пивара Скопје, се одржа на 27.02.2025 на Rooftop бар во Hilton Double Tree, ставајќи го на тој начин Скопје на мапата на светски метрополи кои ги препознаваат и носат во Македонија врвните искуства што може да ги понуди светот на вискито.
На настанот беше откриена The Macallan TIME: SPACE Mastery – уникатнa едиција за која во едно шише се сплотени вкусови на виски одлежани во 14 исклучителни видови на буриња, создавајќи слоеви на комплексност со неверојатна длабочина на арома, текстура и вкус. Оваа екстензија е во многу ограничена количина, а веќе од денес е достапна во Македонија со само 6 шишиња!
Ексклузивен настан во чест на 200-годишнината на The Macallan
За време на овој настан, присутните – од медиуми и инфлуенсери, до познавачи и љубители на single malt вискито – беа почестени со ексклузивно кураторство низ различните видови The Macallan, од страна на регионалната бренд амбасадорка, Anna Metaxas, која специјално долета за да ги води присутните низ ова незаборавно искуство.
Овој несекојдневен настан, како и самата TIME: SPACE Mastery едиција, се дел од глобалната прослава на 200-годишнината на The Macallan – јубилеј што ги слави наследството, традицијата и извонредноста на овој престижен бренд. Со оваа ексклузивна вечер и присуството на една од најретките виски едиции досега, Македонија ја оддава својата почит на овој значаен момент, гордо пречекувајќи го The Macallan во своите граници. Ова претставува почеток на едно наследство што ќе продолжи да расте, носејќи уште повеќе уникатни искуства за љубителите на виски во иднина.
Ексклузивна достапност на едицијата
Оваа ексклузивна едиција е достапна во само 6 шишиња во Македонија и ќе биде алоцирана во внимателно одбрани локации. Дел од овие ретки шишиња ќе бидат достапни за купување само за најверните консументи, лојалните The Macallan ентузијасти, љубители на single malt виски и колекционери. Други ќе бидат достапни за дегустација во ексклузивни локали, вклучувајќи го и ресторанот и барот во Hilton Double Tree, каде што се одржа и самата гала вечера во чест на 200-годишнината на The Macallan.
Интервју со Anna Metaxas
Кариерата на Anna Metaxas, како регионален бренд амбасадор на The Macallan, вклучува многубројни патувања и ексклузивни промоции насекаде низ светот, па не можевме да ѝ одолееме на можноста да ја запрашаме за нејзиното искуство тука во Скопје.
Дали Скопје може да го понуди она што го нудат светските метрополи кога станува збор за организирање на ваков вид настани?
А: “Во моето кратко време поминато во Скопје, верувам дека постои голем потенцијал и значителен интерес кај луѓето за да присуствуваат и да доживеат настани како овој на кој го прославивме 200-годишниот јубилеј на брендот. Од 1824 година, The Macallan гради светска репутација не само поради својот извонреден вкус и посветеноста кон врвен квалитет, туку и поради заедништвото и суштинските разговори кои се водечка вредност на брендот. Искрено се надевам дека нашите гости синоќа го почувствуваа духот на оваа глобална заедница!”
Какво чувство и искуство ќе понесете од Скопје? Можете ли да посочите некоја специфичност, барем во однос на нашиот град или луѓето кои беа гости на настанот, споредено со вашите искуства на други места низ светот?
А: “Бев многу пријатно изненадена од публиката која присуствуваше на The Macallan Time:Space Mastery настанот во Скопје. Прекрасно беше да се угостат лојалните пријатели кои го сакаат и следат брендот со години, но уште повеќе ми значеше можноста да пречекаме нови луѓе во светот на The Macallan и да ги водиме низ нашата историја и извонредните вискија. А што може да биде подобра прилика за тоа од претставувањето на едно лимитирано издание како The Macallan Time:Space Mastery, кое ги слави двата века постоење и мајсторство во создавањето на најценетото single malt виски во светот?
Ентузијазмот што го забележав за време на настанот е вистински показател за реномето на The Macallan, но и за неверојатната работа што ја прави нашиот тим во Пивара Скопје за да обезбеди Северна Македонија да има заслужено место на глобалната мапа.
Следуваат уште многу возбудливи моменти!“
За брендот The Macallan
The Macallan е светски познат по своите извонредни single malt вискија. Поминаа два века откако Александар Рид, основачот на The Macallan, ја дестилираше првата серија виски во неговите необично мали дестилери во Спејсајд, Шкотска, во 1824 година, поставувајќи ги темелите на извонредното шкотско single malt виски.
„Бескомпромисната посветеност на квалитетот и занаетчиската прецизност е суштината на The Macallan.“ Исклучителниот квалитет и препознатливиот карактер на секое виски се резултат на врвни дабови буриња, зачинети со шери, кои овозможуваат природна боја и сложеност на вкусот – сето тоа поддржано со мајсторска изработка.
Дизајнирана од меѓународно реномирани архитекти, дестилеријата The Macallan се наоѓа на прекрасен имот од 485 акри и е инспирирана од древните шкотски ридови што ја опкружуваат.
За сите љубители и ентузијасти на ексклузивното single malt виски – ТУКА можете да станете член на The Macallan заедницата и први да дознаете за сите новитети на The Macallan.