Укината 12-годишната затворска казна за масовното незаконско прислушување за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ од страна на скопска апелација.
Апелација ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Кривичниот суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.
„Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“.
Одлуката на Aпелацискиот суд сè уште не е јавно достапна, а во која треба бидат наведени причините зошто тричлениот Совет при овој суд одлучил да ја укине пресудата, и предметот повторно да се врати на почеток во кривичен.