АМЕРИКАНСКИОТ режисер Мартин Скорсезе во неодамнешното интервју за Deadline откри зошто го користи Леонардо ди Каприо во главните улоги во речиси сите негови неодамнешни филмови.
Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест филмови и тоа: „Gangs of New York“ од 2002. година, „The Aviator“ (2004), The Departed (2006), Shutter Island (2010), The Wolf of Wall Street (2013), потоа краткометражниот филм The Audition (2015) на крајот Killers of the Flower Moon (2022).
„Она што е фантастично за Лео и зошто толку често соработуваме е тоа што тој често талка како актер во оние тешки сложени места кои се речиси неразбирливи за другите актери и кои на крајот сето тоа излегува толку кристално јасно кај него. Обично тоа може да се види во неговиот израз, во лицето, очите… Тоа секогаш му го кажувам“, изјави Скорсезе, а потоа продолжи:
„Ди Каприо е природен на сцената. Би можел да го снимам одблиску, тој може да не размислува за ништо, јас би можел да ставам што било во таа сцена, а луѓето ќе речат дека беше одличен. Тоа е нешто како ефектот Кулеш“.
„Можете да го направите тоа со Ди Каприо. Има нешто во неговото лице кога камерата ќе застане на него. Во неговите очи. Дури и кога се движи за милиметар, ние го гледаме тоа. Многу е интересно, што се случува со него во сцената.“ – заклучи режисерот.
Скорсезе се осврна и на неговата соработка со Роберт де Ниро, со кого исто така сними доста филмови, а Де Ниро беше тој што му го посочи Ди Каприо на Скорсезе.
„Де Ниро ми рече: „Слушај, сега работам со овој млад човек, треба да работиш со него овде и таму. Ова дете е навистина добро.“ Тоа беше прв пат Де Ниро да ми препорача некого на мене “, рече Скорсезе.