316
Британската дизајнерка Стела Мекартни изработила наменски костум за актерот Жоакин Феникс, кој неодамна освои Златен глобус за својата улога во филмот „Џокер“.
Таа на Твитер сподели фотографија од Феникс со статуетката во рака, нарекувајќи го вистински херој.
„Тој избра да направи разлика за иднината на оваа планета. Избра да го носи истиот костум цела сезона за да се намали отпадот. Горда сум на нашата соработка.“
Иако овој твит предизвика доста бурни реакции и потсмев кај твитер-заедницата, кои не можеа да поверуваат дека некој е нарекуван херој само затоа што повеќепати носи ист костум, факт е дека повеќето негови колеги купуваат нова облека за секое појавување на црвениот тепих.