Принцезата Ана, ќерката на покојната кралица Елизабета и принцот Филип, ја воодушеви јавноста со гест кој уште еднаш покажа дека и покрај големото богатство, таа е скромна и приземна.
Имено, седумдесет и двегодишната принцеза сама го носела багажот на аеродромот во Лондон, како и сите други луѓе. Во едната рака носеше чанта, а во другата торба полна со работи.
Ваквото однесување е сосема невообичаено за член на кралското семејство, бидејќи јавноста често ги доживува како „недопирливи“.
Congratulations to Princess Anne for achieving the impossible 👏🏼 pic.twitter.com/a98QHL7FuG
— Baklava Badman 🏝📿 (@DIAS) October 6, 2022
Инаку, ова е второ јавно појавување на принцезата откако почина нејзината мајка, кралицата Елизабета Втора. Таа претходно посетила поморска база каде се сретнала со персоналот кој учествувал на погребот.
Принцезата сега се упати кон Њујорк и ова е прво патување на член на кралското семејство во земјата откако Хари и Меган се откажаа од своите титули и се преселија таму.
Да потсетиме, Ана често ја нарекуваат „највредниот член на семејството“.
Принцезата во последните моменти била со мајка си, а на денот на погребот, како нејзина ќерка, таа била единствената женска личност која чекорела зад ковчегот.
Фото: MEGA / The Mega Agency / Profimedia