110
Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ го прокоментира во неговиот типичен стил интересот на Милан кон него.
„Росонериите“ откриле дека сакаат да си го вратат напаѓачот во текот на летото, но не можеле да го направат договорот, најверојатно поради финансиски причини.
„Гласини отсекогаш имало, целиот свет ме сака, па затоа е сосема нормално“, вели ѕвездата на Л.А. Галакси за TMZ.
Тој играше на „Сан Сиро“ од 2010 до 2012 година и во 61 натпревар постигна 42 гола. Со Ибра во своите редови, Милан ја освои својата последна титула во Италија во 2011 година, по што започна владеењето на Јувентус.
Во оваа сезона, 37-годишниот напаѓач има 24 натпревари за Л.А. Галакси со 20 голови.